петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 86
home Вести

Сакам да бидам последната жена на која ова и се случило: Нобеловката Надиа Мурад преживеала пеколно сексуално ропство (ВИДЕО)

Сакам да бидам последната жена на која ова и се случило: Нобеловката Надиа Мурад преживеала пеколно сексуално ропство (ВИДЕО)

25 годишната Надиа Мурад е младата добитничка на Нобеловата награда за мир оваа година, жена чија животна приказна е неверојатна, полна патење, човечко зло, страдање кое не може да се опише, но и храброст, пркос и надеж.

Мурад е родена во малото село Којо во Ирак, во народот Јазиди, етничко малцинство кое било на мета на Исламската држава. Јазиди се таинствен народ кој ја почитува и Библијата и Куранот, а нивната традиција главно се пренесува преку уснен пат.

Од зајакнувањето на ИСИС, овој народ преживеа протерувања, масакри и најлоши злосторства. Надиа Мурад била една од 6.700 жени кои ИСИС ги одведе во ропство.

ИСИС во 2014-та година го нападна Сињар, упориштето на Јазидите и на мажите им постави ултиматум: или да се преобратат или да починат, додека жените ги одвеле во сексуално ропство.

Мурад тогаш имала 20 години. Кога ги заробиле, Надиа ја приморале да го гледа погубувањето на своето семејство. Шесте нејзини браќа и нејзината мајка биле убиени пред, додека двата останати членови на семејството биле тешко работи. Нејзе ја ставиле во автобус за Мосул, на пат кон самиот пекол.

Сексуално изживување над неа почнало што влегла во автобусот, каде еден од припадниците на ИСИС веднаш ја фатил за градите. Таа во своите мемоари, се присетила на тоа:

-Се почувствував како да ме изгоре оган. Никој порано не ме допираше така… моите солзи паѓаа на неговата рака, но не престануваше.

На пазарот на робови Надиа ја купил еден судија, кој продолжил брутално да ја злоставува младата девојка. Силувањето и ќотекот го преживувала секој ден.

И наредиле да се депилира, да облече провокативен фустан и да се нашминка. Постапила кон неа како кон објект. Добивала ќотек доколку би ги затворила очите во текот на силување.

Монструмот кој ја купил дури и ја приморувал да му лиже мед од стапалата. Но, Наида не го изгубила својот дух.

Еден ден, одлучила да побегне. Меѓутоа, несреќата и понатаму не ја напуштала- монструмот ја фатил, а потоа ја силувал со своите шест чувари. Тоа не бил крајот, Надиа како некој предмет, без милост и понатаму ја користеле чудовиштата, од ден во ден.

-Не знаеш кој следен ќе отвори врата и ќе те нападне, ниту дали утре ќе биде уште полошо и што ќе ти се случи, пишува во своите мемоари Надиа.

На крај, еден ден среќата и се насмеала на Надиа, монструмот оставил отклучена врата и таа успеала да избега кај соседите, кои биле нејзини спасители. Тие ја прокриумчариле надвор од територијата која што ја контролирал ИСИС.

Надиа потоа завршила во Духоку, бегалски камп на северот на Ирак. Така нејзината приказна, така што нејзината приказна толку страшна, просто неверојатна за 21 век, ја слушнале и западните новинари.

Така Надиа станала една од 1.000-те жртви на војната на која германската покраина Баден- Вутемберг им  понудила азил. Од 2015-та година, во Германија го пронашла својот нов дом.

Амал Клуни, познатата адвокатка за човекови права, станала адвокатка во тужбата против генералот на ИСИС, за геноцид на својот народ, силување и трговија со луѓе.

Наида започнала и своја иницијатива за помош на жртвите од сексуално насилство. Исто така во 2017-та година издала и свои мемоари: „“Последна девојка: Мојата приказна за ропството и мојата борба против Исламската држава.

Во неа, Надиа пратила и силна порака:

-Сакам да бидам последна жена на која ова и се случило!

Коронавирус