вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Сакал да докаже дека коронавирусот не постои: Отишол на забава, се заразил и умрел

Сакал да докаже дека коронавирусот не постои: Отишол на забава, се заразил и умрел

Млад поборник на теории на заговор умрел од коронавирус откако се обидел да се зарази на корона-забава за да докаже дека вирусот е измама.

Неидентификуван пациент кој имал околу 30 години од Сан Антонио, Тексас, на медицинската сестра ѝ раскажал дека жали за сѐ откако поради тоа што бил позитивен на коронавирус бил пренесен во болница, каде подоцна и умрел.

Докторката Џејн Апелби од болницата „Методист хелткеар“ рече:

„Пред да почине пациентот, ја погледна медицинската сестра и рече `Мислам дека погрешив. Мислев дека е измама. Но не е`“, пренесе „Метро“.

Апелби објасни дека медицинскиот персонал во болницата останал без зборови кога дознале дека починатиот пациент бил на забава со некој кој бил заразен од корона вирус, за да им докаже на стручњаците дека нема опасност од корона виурс.

„Тоа била забава организирана со цел да се види дали вирусот е вистински врз основа на тоа дали другите ќе се заразат“, вели таа.

„Короната не дискриминира и некој не е непобедлив. Не сакам да кревам паника, само се обидувам да споделам примери од вистинскиот свет за да може нашата заедница да сфати дека овој вирус е многу сериозен и дека може лесно да се прошири“.

Во Тексас забележан е огромен пораст на случаи со коронавирус, а сега се забележани повеќе од 250.000 со повеќе од 3.100 починати. Гувернерот на оваа американска сојузна држава ги повика сите да носат маски во јавност.

Коронавирус