сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 62
home Вести

„Сакаат да ме видат мртов“: Писмо од Асанж ја шокираше јавноста (ВИДЕО)

„Сакаат да ме видат мртов“: Писмо од Асанж ја шокираше јавноста (ВИДЕО)

Во ракописно писмо од затворот во Белмарш, коосновачот на Викиликс Џулијан Асанж вели дека му е скратена шансата да се брани и дека елементите во САД кои „ја мразат вистината, слободата и правдата“, сакаат тој да биде испорачан и мртов.

Писмото му е пратено на независниот британски новинар Гордон Димак а датирано од 13 мај десет дена пред САД да објават 17 дополнителни тужби по Законот за шпионажа против Асанж.

Во светло на ново обвинение, Димак го прочитал писмото на својот Јутјуб канал. Фотографија со рака пишувани белешки набрзо е објавена и на Интернет.

-Изолиран сум од сите можности да се подготвам за одбрана: немам лаптоп, интернет, ниту компјутер, ни библиотека, но дури и ако добијам пристап, тоа ќе биде само половина час, со сите останати, еднаш неделно-напишал Асанж.

-Другата страна? Суперсила која се подготвува веќе 9 години, со стотици луѓе и неброени милиони кои се потрошени на овој случај-додава тој.

-Јас не сум скршен, иако буквално сум опкружен со убијци, но деновите додека не бидам во можност да читам и зборувам и ја организирам својата одбрана, моите идеали и моите луѓе се готови додека не бидам слободен. Сите останати мора да го заземат моето место-напишал Асанж.

-Владата на САД, или подобро речено, во неа жалосните елементи кои ја мразат вистината, слободата и правдата, ја сакаат попрво мојата екстрадиција и смрт, наместо да ја пуштат јавноста да ја слушне вистината, за која добив најмногу награди и сум номиниран 7 пати за Нобелова награда за мир-напиша Асанж.