вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 88
home Вести

САД загрижени поради апсењето демонстранти и новинари во Белорусија

САД загрижени поради апсењето демонстранти и новинари во Белорусија

Американскиот Стејт департмент изрази загриженост поради растурањето на демонстрациите и задржувањето на новинари во Белорусија, откако двајца опозициски кандидати за избор на претседател беа отстранети од трката.

Според извештаите, стотици луѓе биле насилно растерани и уапсени во текот на протестите во Белорусија, што беше реакција на незадоволството од забраната за учество на кандидати кои настапуваат против претседателот Александар Лукашенко.

-Длабоко сме загрижени од соопштенијата за масовни апсења за време на протестите во Белорусија поради дисквалификација на кандидатите кои настапуваат против Александар Лукашенко на претстојните претстедателски избори во август, за Си-Ен-Ен синоќа изјави претставник на Стејт департментот.

-Продолжуваме со повиците до владата на Белорусија да преземе мерки за подобрување на ситуацијата со човековите права и демократијата и да ги исполни обврските пред ОБСЕ, укажа претставникот.

Додаде дека почитувањето на основните слободи како мирни собири, граѓанско здружување и слобода на изразувањето, е одлучувачко за зацврстување на билатералните односи меѓу САД и Белорусија.

Властите во земјата досега имаат задржано најмалку 17 претставници на медиумите во текот на протестите кои се одвиваат низ целата земја.

Комитетот за заштита на новинарите, невладина организација со седиште во Њујорк, вчера ги повика властите во Белорисија да запрат со „прогон, задржување и обвиненија“ против медиумските работници во земјата. (МИА)

Коронавирус