среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Вести

САД во ноември ќе ги укинат ограничувањата за меѓународните патувања

САД во ноември ќе ги укинат ограничувањата за меѓународните патувања

Соединетите Американски Држави од ноември ќе им дозволат влез на сите патници од странство под услов да се целосно вакцинирани против коронавирусот, соопшти денес Белата куќа.

Патниците покрај тоа ќе мора да бидат тестирани за коронавирусот три дена пред патувањето во САД и да носат маски.

Авиокомпаниите ќе имаат обврска да соберат информации за патниците за да ги контактираат во случај на потреба, наведе Белата куќа. САД ќе ги укинат ограничувањата кои важат од март 2020 година.

Неименуван портпарол на Белата куќа изјави дека одлуката, донесена во контекст на тензиите меѓу САД и Франција, „ги диктирала науката“.

Засега не се знае кои вакцини ќе бидат признаени за патување во САД.

Локални избори 2021