среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

САД: Во изминатите 24 часа рекордни 36.000 лица инфицирани со Ковид-19

САД: Во изминатите 24 часа рекордни 36.000 лица инфицирани со Ковид-19

Во САД во изминатите 24 часа регистрирани се 36.000 новозаболени лица од Ковид-19, што е највисока бројка од април.

Во речиси половина од 50 сојузни американски држави во последните две недели регистрирано е зголемување на бројот на инфицирани лица, додека во Тексас и во Флорида секој ден има рекордно високи бројки на новозаболени лица.

Вкупниот број на заболени лица со новиот коронавиурус во САД се доближува до 2,4 милиони.

Во изминатото деноноќие од последици од Ковид-19 починале 756 лица, со  што вкупниот број на смртни случаи во САД се искачи над 120.100.

Универзитетот Вашингтон  вчера прогнозираше дека до 1 октомври бројкот на смртни случаи во САД би изнесувал 180.000, но ако 95 проценти од Американците носат маски тогаш цифрата на починати лица би била 146.000 лица.

Коронавирус