сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 91
home Вести

САД вложија половина милијарда долари во вакцина која треба да биде готова до есен

САД вложија половина милијарда долари во вакцина која треба да биде готова до есен

Компанијата „Модерна“ во четвртокот постигна договор со американската влада да добие дури 483 милиони долари за развој и тестирање на вакцина против „Ковид-19“, која сега е во почетно клиничко испитување.

Во соопштението од компанијата се вели дека министерството за здравство на САД ќе го финансира развојот на вакцината mRNA-1273 и ќе ги зголеми напорите за поголемо производство за да истата биде готова до есен.

Биотехнолошката компанија „Модерна“, со седиште во Кембриџ, Масачусетс, беше пионер во тестирањето на вакцината против Ковид-19, кое беше овозможено со истражување финансирано од Националните здравствени институти на САД. Компанијата може да биде во првите редови на трката за вакцини по тоа што беше прва што стигна до фаза на тестирање на човек, но како што истакна Анелиза Вајлдер-Смит, професор по нови заразни болести на лондонската школа за хигиена и тропска медицина: „„ Ние мора да сметаме на сите опции и да продолжиме понатаму со трчање. Сигурно ќе имаме проблеми со зголемувањето на производството, затоа е подобро да се користат што е можно повеќе платформи за изработка на вакцината“.

Сепак, американската влада одлучи да инвестира огромна сума пари во оваа вакцина, и покрај тоа што СЗО истакна дека моментално околу 70 вакцини се во некаква фаза на развој.

Коронавирус