петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

САД: Вакцината Фајзер одобрена за деца над 5 години

САД: Вакцината Фајзер одобрена за деца над 5 години

Во Соединетите Американски Држави вакцината против коронавирус „Фајзер/Бионтек“ ќе биде достапна за деца на возраст од пет до 11 години.

Експертите од Управата за храна и лекови (ФДА) го поддржаа овој потег кој ќе оди на итно одобрување во рок од неколку недели.

Во септември беше објавено дека вакцината е безбедна за децата од таа возрасна група.

Во САД, вакцината веќе се дава на деца на возраст над 12 години, а најновата одлука влијае на околу 28 милиони американски деца.

Официјалните податоци од САД покажуваат дека 160 деца на возраст меѓу пет и 11 години починале од коронавирус од почетокот на пандемијата. Во САД од вирусот починале вкупно околу 740.000 луѓе.

САД, исто така, пријавија повеќе од 5.000 случаи на ретка воспалителна болест поврзана со инфекции со коронавирус, од што починаа 46 деца.

Коронавирус