сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 42
home Вести

САД се надеваат на договор за измени на иранскиот нуклеарен договор

САД се надеваат на договор за измени на иранскиот нуклеарен договор

Вашингтон се надева дека ќе постигне договор со Велика Британија, Германија и Франција за измени во Доворот за иранската нуклеарна програма, во деловите за кои претседателот на САД, Доналд Трамп има резреви, изјави денеска американскиот претставник за разоружување Роберт Вуд.

Вуд на прес-конференција во Женева нагласи дека во пресрет на крајниот рок 12 мај, се водат „интензивни“ разговори меѓу западните сојузници, на кои САД ја изразиле својата загриженост поради „неуспешното решавање на прашањето за иранската балистичка ракетна програма“, како и поради однесувањето на Иран на Блискиот Исток.

– Тие прашања мора да се разгледаат. Се надеваме дека ќе можеме да постигнеме договор со кој претседателот Трамп ќе може да биде задоволен, изјави Вуд.

Трамп на 12 јануари на Велика Британија, Германија и Франција им даде рок од четири месеци за да се договорот за „поправка на страшните недостатоци“ на иранскиот нуклеарен договор или во спротивно на 12 мај тој ќе одбие да го продолжи укинувањето на американските санкции кон Иран.

(Миа)

Коронавирус