вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 118
home Вести

САД се надеваат дека на преговорите ќе биде постигнат напредок за мир на Корејскиот Полуостров

САД се надеваат дека на преговорите ќе биде постигнат напредок за мир на Корејскиот Полуостров

САД се надеваат дека со преговорите меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ќе биде постигнат напредок кон мирот и просперитетот на Корејскиот полуостров, изјави  портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

-Вашингтон очекува да продолжат разговорите со Јужна Кореја за подготовка на планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во следниот период, додаде Сандерс.

(Миа)

Коронавирус