сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 90
home Вести

САД размислуваат за повеќенационален воен одговор во Сирија

САД размислуваат за повеќенационален воен одговор во Сирија

САД размислуваат за мултинационален воен одговор на нападот, извршен наводно со хемиско оружје, во сирискиот град Дума, јавија американски медиуми, повикувајќи се на високи функционери во САД.

Експертите навеле неколку клучни воени објекти кои можат да станат цел на таков напад.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа вети силен противодговор и наведе дека одлуката ќе ја донесе наскоро. Американски претставници, кои побарале да останат анонимни, не сакале да откријат конкренти планови, но признале дека се разработуваат воени опции, пренесува БТА. Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот не ги коментираа таквите тврдења.

Експерти од таа област наведоа за дел од американските медиуми дека Франција и евентуално Велика Британија, но и некои американски сојузници од Блискиот исток би можеле да станат партнери на САД во евентуалниот воен одговор во Сирија. Во февруари, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе нападне цели во Сирија доколку земјата го наруши договорот за забрана на хемиско оружје.

Претседавачот на Советот за безбедност на ОН Густаво Меса-Куадра изјави дека СБ ќе продолжи да работи на предлог-резолуција за наводното користење хемиско оружје.

Коронавирус