четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 130
home Вести

САД: Расте бројот на непознати предмети на небото во изминатите 20 години

САД: Расте бројот на непознати предмети на небото во изминатите 20 години

Расте бројот на непознати предмети на небото во изминатите дваесет години, истакна официјален претставник на Пентагон пред американските пратеници, но, не потврди за живот надвор од Земјата.

Американскиот Конгрес за првпат во над 50 години, одржа јавна расправа на тема „неидентификувани појави во воздухот“.

– Од почетокот на 2000-те, забележавме зголемен број на неидентификувани случаи, појасни Скот Бреј, заменик – директор за разузнавање за морнарицата на САД.

Тој порастот го препиша на „значајните напори“ што војската на САД ги вложува, со цел да го „демистифицира самиот чин на известување за набљудувањата“ и технолошкиот напредок.

Сепак, се нагласи оти не е откриено ништо „што би упатувало на тоа дека феномените настанале надвор од Земјата“. Но, не била исклучена оваа можност.

Во јуни 2021 година, американската разузнавачка служба во долгоочекуваниот извештај, наведе за немање докази за постоење на вонземјани, признавајќи за десетици појави, забележани од воените пилоти, што не можат да се објаснат.

Некои се објаснуваат со присуството на дронови или птици, што ги збунуваат американските воени радарски системи. Други пак, може да се препишат на тестирање воена опрема и технологија од сили како на пример, на Кина и на Русија.

– Неидентификуваните феномени во воздухот можат да бидат закана за националната безбедност, предупреди демократот Андре Карсон, претседател на парламентарниот одбор, што ја организираше јавната расправа

Коронавирус