вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 85
home Вести

САД побараа од Кина да го затвори конзулатот во Хјустон

САД побараа од Кина да го затвори конзулатот во Хјустон

Соединетите Американски Држави одеднаш наредија Кина да го затвори својот конзулат во Хјустон, соопшти Министерството за надворешни работи на азиската држава.

Одлуката на Вашингтон е опишана како „невидена политичка провокација“ што дополнително ќе ги наруши дипломатските односи.

– Кина ги повика САД веднаш да ја повлечат погрешната одлука или Кина дефинитивно ќе преземе соодветен и неопходен одговор, изјави портпаролот на кинеското Министерство.

Тој додаде дека вчера американските власти побарале од кинеската Влада да го затвори својот конзулат.

Претставникот истакна дека одлуката на САД е едностран потег. Пекинг се закани дека ќе одговори со „цврсти контра мерки“ доколку Вашингтон не се откаже од одлуката. Кинеската Влада ги обвини американските власти за малтретирање кинески дипломати и заплашување кинески студенти со конфискација на лични електронски уреди и приведување без причина. Нагласено е дека кинеските дипломатски мисии и персонал често добиваат смртни закани.

– Кина остро го осудува скандалозниот и неоправдан потег, што ќе ги саботира кинеско – американските односи, истакна кинескиот портпарол.

САД и дадоа на Кина 72 часа да го затвори својот конзулат во Хјустон.

Полицијата и противпожарната служба во американскиот град пристигнале во конзулатот, по дојава дека се палеле документи во отворени контејнери, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.

На пожарникарите не им било дозволено да пристапат, но подоцна пожарот е изгаснат. Никој не е повреден.

Тензиите меѓу двете земји ескалираа во последните месеци, кога САД и Кина се судрија во голем број области, вклучително и на економско и на политичко ниво.

Коронавирус