среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 136
home Вести

САД планираат контрамерки на дигиталните царини во Франција

САД планираат контрамерки на дигиталните царини во Франција

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе дополнителни царини на увоз на француски производи во вредност од околу 2,4 милијарди американски долари, како одговор на француските зголемувања на даноците за американските технолошки гиганти како Google, Amazon и Facebook.

Властите во САД најавија дека планираните тарифи ќе опфаќаат широк спектар на производи, од сирењето „Рокефорт“ до женти чанти.

Американски официјални лица ги оправдаа предложените мерки на ставот на САД дека новите француски даноци на дигиталните производи, кои во некои случаи достигнуваат 100 проценти, ги дискриминираат американските компании.

Стопанската комора на САД ќе прифати коментари на јавноста за предложените мерки до 6 јануари, додека за мерките ќе се расправа на 7 јануари.

Франција силно се залагаше за воведување дигитален данок во сите земји-членки на ЕУ, но наиде на отпор од Ирска, Данска, Шведска и Финска.