петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

САД планираат 100 милиони дози вакцина против Ковид-19 до крајот на годинава

САД планираат 100 милиони дози вакцина против Ковид-19 до крајот на годинава

Американската администрација планира да го забрза развојот на вакцина против новиот коронавирус.

Според висок претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, целта на САД е до крајот на годинава да бидат подготвени 100 милиони дози вакцина.

Минатиот месец САД започна испитување на вакцина врз луѓе. Директорот на Националниот институт за алергии и инфекциски болести, Антони Фаучи, за време на сослушување пред Конгресот, изјави дека САД можат да имаат вакцина против Ковид-19 за период од 12 до 18 месеци.

Коронавирус