петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 114
home Вести

САД отстранија пет екстремистички групи од списокот на странски терористички организации

САД отстранија пет екстремистички групи од списокот на странски терористички организации

САД денеска отстранија пет екстремистички групи од списокот на странски терористички организации, за кои веруваат дека повеќе не претставуваат закана.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека тие групи се отстранети по задолжителната петгодишна ревизија.

„Нашата ревизија на овие пет организации означени како терористички процени дека тие веќе не учествуваат во тероризам или терористички активности и дека немаат капацитет и намера да го сторат тоа“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Од списокот се отстранети баскиската сепаратистичка група ЕТА, јапонското движење Аум Шинрикијо, радикалната еврејска група Кахане Ках и две исламистички групи, што беа активни во Израел, палестинските територии и во Египет.

Овие организации некогаш се сметаа за закана и убија стотици, ако не и илјадници луѓе во Азија, Европа и Блискиот Исток.

Стејт департментот посочува дека бришењето на овие организации од списокот не значи оправдување на терористичките акти во кои тие учествувале, туку повеќе претставуваат признание за Египет, Израел, Јапонија и Шпанија за борба против терористичката закана што тие ја претставуваа.

Коронавирус