среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

САД одобриле продажба на оружје за Тајван во вредност од 2,3 милијарди долари

САД одобриле продажба на оружје за Тајван во вредност од 2,3 милијарди долари

Стејт департментот одобри евентуална продажба на 100 крајбрежни одбранбени системи „Харпун“ за Тајван, кои ги произведува „Боинг“, а вредноста на договорот изнесува 2,37 милијарди долари, соопшти Пентагон.

Таквиот потег доаѓа неколку дена откако Стејт департментот одобри и продажба на уште три системи за вооружување за Тајван, вклучувајќи сензори, ракети и артилерија, чија вкупна вредност би можела да изнесува 1,8 милијарди долари, што ја предизвика Кина да се закани со санкции.

Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи вчера на прес-конференција изјави дека Кина ќе воведе санкции против некои американски компании за кои тврди дека се вмешани во продажбата на оружје за Тајван.

Ваквите акции на САД се случуваат во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп го зајакнува притисокот врз Кина пред претседателските избори на 3 ноември и кога се зголемува загриженоста поради намерите на Пекинг кон Тајван.

Коронавирус