вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 126
home Вести

САД одобри тест за коронавирус кој чини пет долари

САД одобри тест за коронавирус кој чини пет долари

Американската управа за храна и лекови издаде одобрение за употреба на тест за коронавирус, направен од компанијата „Абот Лабораторија“(Abbott Laboratories), кој може да помогне за поголем број тестирања.

Од компанијата соопштија дека планираат да испорачаат десетици милиони тестови во септември и дека ќе можат да го зголемат производството до 50 милиони тестови во октомври, по цена од 5 долари.

Тестот е со големина на кредитна картичка, а резултатите ќе бидат готови за 15 минути.
Примерокот се зема со назален брис.

Како што пренесуваат странските агенции, овие тестови не се толку прецизни како оние што моментно се користат, но ќе овозможат побрзо и почесто тестирање.

Коронавирус