недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

САД неуспешно тестираа систем за противракетна одбрана

Ракетата „земја-воздух“ СМ-3 блок ИИА (SM-3 block IIA), истрелана од системот за противоракетна одбрана „Иџис ашор“ поставен на земја, не успеала да ја собори пробната ракета истрелана од авион, соопштија анонимни извори.
САД неуспешно тестираа систем за противракетна одбрана

Американските вооружени сили вчера во државата Хаваи извршија неуспешна проба на системот за противракетна одбрана, обидувајќи се да соборат пробна ракета, истрелана од авион.

Ракетата „земја-воздух“ СМ-3 блок ИИА (SM-3 block IIA), истрелана од системот за противоракетна одбрана „Иџис ашор“ поставен на земја, не успеала да ја собори пробната ракета истрелана од авион, соопштија анонимни извори.

Во исто време, Дирекцијата за ракетна одбрана на Пентагон потврди дека е извршена проба, но не соопшти детали за резултатот. (МИА)

Коронавирус