вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 130
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

САД нема да забранат извоз на Ремдесивир

САД нема да забранат извоз на Ремдесивир

Директорот на американската лабораторија Гилеад, Даниел О’Деј изјави дека Вашингтон нема да забрани извоз на експерименталниот антивирусен лек Ремдесивир, кој според големо клиничко испитување, за неколку дена го скратува закрепнувањето на пациентите со тежок облик на Ковид-19.

– Мислам дека се согласуваме со американската Влада дека треба да бидеме на услуга на пациентите овде во САД и во земјите ширум светот, изјави О’Деј за американската мрежа на Си-Би-Ес.

На новинарско прашање дали лабораторијата има право да го извезува лекот, тој одговори потврдно додавајќи дека биле извезени илјадници дози за клинички испитувања и се извезува за оние на кои им е потребен, повикувајќи се на специјални програми за употреба на неодобрени лекови.

Американската агенција за лекови (ФДА) во петокот издаде одобрение за вонредна употреба на Ремдесивир. Тоа ќе им овозможи на болниците да го користат кај пациенти со најтешка форма на Ковид-19 без да учествуваат во клиничко испитување.

Гилеад донираше 1,5 милиони дози од лекот.

Ова ќе овозможи да се лекуваат 100.000 до 200.000 пациенти, во зависност од времетраењето на лекувањето (пет до десет дена), рече О’Деј и додаде дека на на американската Влада и е донирана целата резерва што ја имале.

Ремдесивир, експериментален лек кој бил наменет за лекување на хеморагичната треска ебола, но не е одобрен за ниту една болест, прв покажа одредена ефикасност во толку големо испитување – на повеќе од илјада пациенти – иако неговиот ефект се смета за скромен.

Парламентарни избори 2020