среда, 22. септември 2021. Вести денес: 12
home Вести

САД нема да издаваат федерални пасоши за вакцинација

САД нема да издаваат федерални пасоши за вакцинација

Нема планови за издавање федерални пасоши за вакцинација против коронавирус во Соединетите Американски Држави, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

– Нема да издаваме пасоши за вакцинација од федералната влада, рече Псаки.

Сајрус Шахпар, директор за статистика за пандемијата во Белата куќа, претходно рече дека повеќе од 70 отсто од возрасните американски граѓани примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.

Коронавирус