четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 60
home Вести

САД негираат дека имале разузнавачки информации за нападите во Шри Ланка, нападите планирани најмалку седум години

САД негираат дека имале разузнавачки информации за нападите во Шри Ланка, нападите планирани најмалку седум години

Министерот за одбрана на Шри Ланка Руан Виџевардене денеска потврди дека во терористичките напади во неделата загинале најмалку 359 лица, додека во текот на ноќта се уапсени уште 18 лица, со што вкупниот број на приведени достигна 58 луѓе.

– Меѓу деветмината бомбаши самоубијци, имало и една жена, потврди тој додавајќи дека повеќето напаѓачи биле образовани и финансиски стабилни, а за еден се верува дека студирал во Велика Британија и дипломирал во Австралија.

– Повеќето од нив се добро образовани и потекнуваат можеби од средна или висока средна класа. Значи, тие се финансиски прилично независни и нивните семејства се прилично стабилни финансиски. Веруваме дека еден од бомбашите самоубијци студирал во Велика Британија, а можеби подоцна и дипломирал во Австралија, пред да се врати во Шри Ланка, информира Виџевардене.

Поранешен командант во армијата на Шри Ланка рече дека нападот сигурно бил планиран најмалку седум или осум години.

Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава, а директорот на националната полиција Пуџут Џајасундара и пред нападите објави предупредување после информација од „странска разузнавачка агенција“ дека исламистичкото движење планира да изврши „бомбашки напади врз големи цркви“ и врз индиската Амбасада во Коломбо.

Американската амбасадорка во Шри Ланка Алена Теплиц синоќа изјави дека САД на јужноазиската земја не и пратиле разузнавачки тајни податоци пред католичкиот Божиќ за тоа дека се подготвуваат самоубиствени бомбашки напади врз хотели и цркви.

Теплиц ова го изјави за новинарката на Си-Ен-Ен Кристијана Аманпур, а американската телевизија оценува дека ова е важно затоа што се коси со тврдењата на Владата на Шри Ланка дека разузнавачки тајни податоци однапред стигнале „и од Индија и од САД“.

Кога Аманпур и го пренела ова на американската амбасадорка во Коломбо, таа го негирала тоа.

– Ние немавме никакви сознанија дека се подготвуваат напади, рече Теплиц и додаде дека „Владата на Шри Ланка признала пропусти во разузнавачкото тајно собирање и делење информации“

Коронавирус