недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Вести

САД не ја исполнија целта на Бајден за процентот вакцинирани до Денот на независноста

САД не ја исполнија целта на Бајден за процентот вакцинирани до Денот на независноста

САД не успеаја да ја исполнат целта на претседателот Џо Бајден за процентот на луѓе вакцинирани до Денот на независноста, јавија американските медиуми.

Бајден сакаше 70 проценти од сите возрасни лица во САД да примат барем една доза на вакцина до 4 јули. Досега, сепак, вакцинирани се само 67 проценти или 173 милиони луѓе.

Околу 58 проценти од возрасните Американци се целосно вакцинирани, што значи дека примиле две дози вакцини против Ковид-19.

Владиниот координатор за коронавирус, Џеф Зајнц, негираше дека нема интерес за вакцинација.

Во просек, околу милион луѓе се вакцинираат дневно – значително помалку отколку во екот на кампањата за имунизација пред неколку месеци, кога дневниот број на вакцинирани достигна повеќе од три милиони.

Коронавирус