недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 49
home Вести

САД наскоро можат да воведат нови царини за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари

САД наскоро можат да воведат нови царини за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари

Наскоро може да биде донесена одлука за воведување нови американски царини за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари, изјави денеска економскиот советник на Белата куќа Лари Кадлоу.

Претседателот Доналд Трамп „не е задоволен од преговорите со Кина“, и наскоро може да даде официјална изјава за ова прашање, рече Кадлоу на економски форум во Њујорк.

Американските медиуми од петокот јавуваат за желбата на Трамп да воведе дополнителни царини за увоз на кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари. Економистот советник сепак истакна дека САД остануваат отворени за дијалог со своите кинески партнери.

МИА

Коронавирус