среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 3
home Вести

САД најавиja дополнителни санкции кон Русија

САД најавиja дополнителни санкции кон Русија

Американскиот Стејт департмент соопшти дека ќе воведе дополнителни санкции кон Русија бидејќи Москва не ги исполнила условите поставени од САД по труењето на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија.

Стејт департментот во август и се закани на Русија со дополнителни санкции ако во рок од 90 дена не почне да го почитува Актот за елиминација на хемиското и биолошкото оружје од 1991 година.

Според Актот, Русија мора да престане со употребата на нервниот гас „Новичок“, кој беше употребен при труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија во март во Велика Британија, како и да се обврзе дека нема да користи хемиско оружје против својот народ и ќе дозволи инспекции на одредени локации од страна на Обединети нации.

– Стејт департментот го информира Конгресот дека не можевме да утврдиме дека Руската Федерација ги исполнила овие услови. Ние планираме да постапиме во согласност со Актот за елиминација на хемиското и биолошкото оружје, кој одредува дополнителни санкции, истакна портпаролката на Стејт Департментот, Хедер Нојерт.

Но, се уште е непознато кога ќе бидат воведени новите санкции кон Русија.

МИА