сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

САД: Комисијата го менува форматот на претседателските дебати

САД: Комисијата го менува форматот на претседателските дебати

Американската комисија за претседателски дебати објави дека наскоро ќе усвои промена на форматот со цел да се избегне повторување на хаотичната прва средба меѓу републиканецот Доналд Трамп и демократот Џозеф Бајден.

Комисијата соопшти дека вчерашната дебата „јасно покажала“ дека на форматот на преостанатите дебати им е потребна „дополнителна структура за да се обезбеди подобра дискусија“.

Една од можностите што се разгледува е модераторот да има овластување да го исклучи микрофонот на учесникот во дебатата додека неговиот противник зборува.

Првата дебата меѓу Трамп и Бајден ја одбележа хаотична атмосфера, со чести упади во зборот на соговорникот, остри обвинувања и лични навреди. Модераторот на дебатата, новинарот на Фокс њуз, Крис Валас, не успеа да воспостави контрола врз дискусијата.

До изборите ќе се одржат уште две претседателски дебати, на 15 октомври во Мајами и на 22 октомври во Нешвил.

Коронавирус