вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 75
home Вести

САД ја повикаа Кина да помогне околу Северна Кореја

САД ја повикаа Кина да помогне околу Северна Кореја

Високиот претставник на американското Министерство за одбрана,  Рендал Шрајвер, денеска изјави дека САД сакаат Кина да ги поддржи американските санкции кон Северна Кореја и да преземе други чекори за Пјонгјанг да се присили да биде поконструктивен во преговорите со Вашингтон.

Помошник министерот за одбрана, задолжен за Азија, кажа дека во примената на санкциите имало пропусти од кинеска страна, особено кога станувало збор за контролата на трансферите на забранета стока од брод на брод во сопствените територијални води.

-Сакаме подобро да работат. Минимумот е примена на санкциите, но има и други начини Кина да помогне за да се изврши притисок врз Пјонгјанг да биде поконструктивен во преговорите, доколку тие продолжат, рече Шрајвер за британските медиуми.

Тој зборуваше на собир во организација на Фондацијата Џејмстаун, на кој стана збор за американските напори за заживување на преговорите, за Северна Кореја да се убеди да се откаже од нуклеарното оружје.

Кина е северен сосед и главен сојузник на Северна Кореја, но е и  потписник на острите американски санкции кон Пјонгјанг.  Пекинг, меѓутоа, бара САД да применат поблаг пристап во дијалогот и да го разгледаат ублажувањеот на санкциите кон Пјонгјанг.