сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 47
home Вести

САД ја одобри вакцината на Фајзер за деца од 12 до 15 години

САД ја одобри вакцината на Фајзер за деца од 12 до 15 години

Американската агенција за храна и лекови одобри итна употреба на вакцината Фајзер против коронавирусот за деца на возраст од 12 до 15 години.

ФДА објави дека одлуката за спуштање на старосната граница вклучува милион деца. Фајзер е првата вакцина против Ковид-19 која во САД е одобрена за итно користење за оваа старосна група, што се смета за важен чекор кон безбедност за враќање на децата во училиште.

Американскиот претседател Џо Бајден ја оцени како „охрабрувачка“ одлуката на регулаторот на САД да одобри употреба на вакцината на Фајзер/Бионтек за малолетници на возраст од 12 до 15 години.

Како што е наведено во синоќешната изјава на Бајден, во блиска иднина се очекуваат нови препораки од федералниот Центар за спречување и контрола на болести (ЦДЦ) во врска со состојбата со коронавирусот во земјата.

„Безбедните и ефикасни вакцини го ограничуваат ширењето на вирусот, спасувајќи илјадници животи и дозволувајќи им на милиони Американци да почнат да се враќаат во нормалниот живот“, рече Бајден. „Во следните денови ќе слушнеме повеќе од Центарот за контрола и превенција на болести за нивните препораки.

Најголем дел од децата кои се заразени со коронавирус развиваат благи симптоми или се асимптоматски. Сепак, децата не се целосно вон ризикот од тешко заболување и може да го шират вирусот.

ЕУРО 2020

Македонија