недела, 16. декември 2018. Вести денес: 34
Во живо

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

home Вести

САД ја обвини Владата на Венецуела за смртта на опозиционерот Албан

САД ја обвини Владата на Венецуела за смртта на опозиционерот Албан

Белата куќа денеска ја обвини Владата на претседателот Николас Мадуро за вмешаност во сомнителната смрт на опозицискиот политичар Фернандо Албан, за кого венецуелските власти тврдат дека извршил убиство.

– САД ја осудуваат вмешаноста на режимот на Мадуро во смртта на венецуелскиот опозиционер Фернандо Албан, се посочува во соопштението на Белата куќа.

Во соопштението се додава дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамш ќе продолжи да го зголемува притисокот врз режимот на Мадуро и неговите соработници се додека не се обнови демократијата во Венецуела.

Албан настрада додека беше во притвор на разузнавачката служба на Венецуела.

САД  апелираат Каракас да покрене независна истрага со цел да се разјаснат „спротиставените верзии“ за тоа како настрадал Албан.

Властите во Каракас соопштија дека локален политичар извршил самоубиство скокајќи од прозорец на зградата на разузнавачката служба, каде беше во притвор под обвинение дека планирал атентат врз Мадиро.

Опозициската партија Прва правда тврди дека тој е убиен.

Албан (56) беше уапсен во петокот на меѓународниот аеродром во Каракас по враќањето од Њујорк, каде присуствуваше на состаноци за време на Генералното собрание на Обединети нации, заедно со неколку членови на Прва правда.

МИА