вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

САД издејствуваа согласност од Г-7 за ревизија на работата на СЗО

САД издејствуваа согласност од Г-7 за ревизија на работата на СЗО

Лидерите на земјите-членки на Г-7 на денешната видео-конференција се согласија да се покрене ревизија на реформскиот процес во Светска здравствена организација и се заложија за примена на координиран глобален пристап во борбата против пандемијата со новиот коронавирус, соопшти Белата куќа.

– Лидерите на земјите-членки на Г-7 констаираа дека годишно за СЗО се издвојуваат повеќе од една милијарда долари, а поголемиот дел од седницата беше посветен на недостигот од транспарентност и лошо управување со СЗО за време на пандемијата со коронавирусот. Лидерите се посветени на целокупна ревизија и реформи на СЗО, се посочува во соопштението на Белата куќа.

САД во моментот претседаваат со седумте најразвиени светски економии.

Локални избори 2021