сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

САД испратиле во Бразил два милиона дози хидроксихлорикин

САД испратиле во Бразил два милиона дози хидроксихлорикин

САД му испратиле на Бразил две милиона дози од антималарискиот лек хидроксихлорикин и покрај предупредувањата на здравствените работници за можната изложеност на ризик доколку се користи.

Владите на двете држави ова го соопштија само неколку дена откако Светската здравствена организација објави дека ќе го прекине тестирањето на овој лек врз пациенти со Ковид-19 поради здравствените ризици, пренесува „Гардијан“.

Двајцата претседатели ја промовираа употребата на овој лек, иако дури и Управата за храна и лекови на САД издаде предупредување дека лекот не треба да се користи во борбата против вирусот.

-Американците и Бразилците работат заедно во борбата против коронавирусот. САД на луиѓето во Бразил им доставија два милиона дози хидроксихлорикин. Лекот ќе се користи како профилакса за да им помогне на медицинските сестри, лекарите и здравствените работници во борбата против вирусот. Ќе се користи и како терепаија за заразените Бразилци, се наведува во заедничката изјава.

Парламентарни избори 2020