недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 83
home Вести

САД испратија сочувство до семејствата на загинатите во падот на украинскиот авион

САД испратија сочувство до семејствата на загинатите во падот на украинскиот авион

САД изразуваат длабоко сочуство до семејствата и пријателите на 176-те загинати, патници и членови на екипажот на патничкиот авион на „Meѓународни авиолинии на Украина“ лет 752, се вели во денешното соопштение на американскиот Стејт департмент.

Украинскиот патнички Боинг 737 изутринава веднаш по полетувањето се урна во близина на аеродромот во Техеран при што загинаа сите 176 луѓе.

-САД ќе продолжат со блиско следење на инцидентот и се подготвени да понудат на Украина секаква можна помош, се вели во соопштението.

Вашингтон исто така повикува на целосна соработка со истражните органи за да се дознае причината за несереќата.