сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 112
home Вести

САД: Има конфузија кој треба да прими трета засилувачка доза вакцина против Ковид-19

САД: Има конфузија кој треба да прими трета засилувачка доза вакцина против Ковид-19

Директорката на Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски, изјави дека во САД има одредена конфузија околу тоа кој треба да ја прими третата засилувачка доза на вакцината против Ковид-19. Досега е одобрена само засилувачката доза на Фајзер.

Минатата недела, Валенски се согласи со повеќето препораки на советникот на ЦДЦ за давање засилувачка доза шест месеци по втората доза за одредени групи луѓе. Овие групи вклучуваат луѓе на возраст над 65 години, лицата во старските домови, како и луѓето на возраст од 50 до 64 години, кои имаат хронични здравствени проблеми, како што е дијабетес.

– Гледам дека сега има конфузија. Ние правиме научна проценка во реално време. Се среќаваме неколку недели за да ја процениме ситуацијата. Научните проценки, исто така, можат да покажат дека остатокот од американското население треба да добие „бустер“ доза, и ние ќе им дадеме такви инструкции штом ќе ги имаме доказите, изјави Валенски за Си-Би-Ес.

Луѓето кои примиле вакцини на Модерна и на Џонсон и Џонсон се уште чекаат за да добијат информации кога би можеле да добијат трета доза.

Коронавирус