петок, 21. септември 2018. Вести денес: 144
home Вести

САД им се заканија со санкции на западноевропски фирми кои инвестирале во руски гасовод

САД им се заканија со санкции на западноевропски фирми кои инвестирале во руски гасовод

Вашингтон го повтори предупредувањето дека може да воведе санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен поток 2“ кон Германија.

Според американската Влада, Москва го користи проектот за да предизвика раскол во Европа.

– Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз, изјави претставник на американскиот Стејт департмент.

Тој додаде дека Вашингтон смета оти „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и стабилност на Европа, давајќи и на Русија уште еден инструмент за вршење политички притисок врз европските земји, особено врз Украина“.

– Русија сфаќа дека овој проект ја дели Европа и го користи за да добие предност, истакна тој.

Пет западноевропски компании инвестирале во „Северен поток 2“ – германските Унипер (Uniper) и Винтерсхал (Wintershall), австриската О Ем Ви (OMV), француската Анжи (Engie) и англо-холандската Шел (Shell).

МИА