среда, 30. септември 2020. Вести денес: 10
home Вести

САД им помагаат на Иранците да имаат интернет

САД им помагаат на Иранците да имаат интернет

САД им помагаат на Иранците да го заобиколат речиси целосното исклучување на интернетот, наметнато од тамошните власти, во услови кога има насилни протести во земјата поттикнати од зголемувањето на цената на бензинот, соопшти специјалниот претставник на Вашингтон за Иран, Брајан Хук.

Тој вели дека САД се обидуваат да воспостават „можности за работа“ за да може Иранците да имаат пристап до интернет. Специјалниот американски претставник за Иран вели дека сметаат дека ќе им помогнат на некои луѓе да имаат пристап до интернет за да може да ги пласираат видеата од протестите.

Тој додаде дека САД во изминатите 18 месеци презеле „голем број чекори“ за да им помогнат на Иранците да ја заобиколат цензурата на интернет.

Хук вели дека иранските лидери се лицемерни, оти тие користат социјални медиуми, додека милиони Иранци се лишени од пристап до интернет.

Од Белата куќа вчера ги осудија насилството врз демонстрантите на протестите и ограничувањето на комуникацијата и изразија поддршка до иранскиот народ да држат мирни протести.

Коронавирус