среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

САД и талибанците се пред примирје, тврди американски претставник

САД и талибанците се пред примирје, тврди американски претставник

Висок американски претставник изјави денеска дека САД и талибанците се близу до мировен договор што ќе стапи на сила „многу брзо“. Според него тоа ќе обезбеди повлекување на американските сили од Авганистан.

Според извор на американски медиуми, договорот за „седумдневно намалување на насилствата“ ќе биде на сила 10 дена по старт на меѓуавганистански преговори.

Тој вели дека договорот „е многу детален“ и се однесува за целата држава вклучително и за авганистанските сили за безбедност.

Информацијата е објавена по денешните средби на американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за одбрана Марк Еспер со авганистанскиот претседател Ашраф Гани на маргините на Минхенскиот форум за безбедност.