понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 169
home Вести

САД и ИРАН на раб на војна: Ноќва е нападната американска воена база во Ирак (ВОНРЕДНА ВЕСТ)

САД и ИРАН на раб на војна: Ноќва е нападната американска воена база во Ирак (ВОНРЕДНА ВЕСТ)

Неколку ракети експлодираа во базата Еин Ел Асад во Ирак, во која се сместени американските војници. Иранската револуционерна гарда објави дека нападот е започнат.

Најмалку шест ракети ја погодиле базата Еин ел Асад во Ирак, но засега нема информации за жртви.

Набргу по првите експлозии, Иранската револуционерна гарда објави дека биле истрелани десетици проектили во базата Еин Ел Асад.

Револуционерната гарда ги предупреди сите околни држави дека ќе бидат на мета доколку извршат напади од страна на американските сили.

Набргу по експлозиите, вооружените сили на САД потврдија дека ракетите биле истрелани од иранска територија.

Втората најголема американска база во Ирак, која се наоѓа на околу 160 километри западно од Багдад, беше во минатото мета на напади на Исламска држава. Неодамна во посета, таму беше и американскиот претседател Доналд Трамп,

Во базата се наоѓаат стационарни беспилотни летала „рипер“, за кои се верува дека биле користени минатата недела во напад во кој загина иранскиот генерал Касим Солејмани.

Локални избори 2021