понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 9
home Вести

САД и дел од европските земји со нови антиковид мерки

САД и дел од европските земји со нови антиковид мерки

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша 10 нови укази за мерките кои треба ја зајакнат борбата против коронавирусот. Задолжителен негативен тест и карантин за сите кои пристигнуваат со авион во САД. Тестот треба да се направи пред поаѓањето рече Бајден. Нареди и задолжително носење маска за патниците на бродовите, во авионите, возовите, автобусите и градскиот превоз. Според проценките на медицинските лица САД најверојанто ќе достигнат 500.000 смртни случаи од корона следниот месец. Бајден вети и 100 милиони дози вакцина во првите 100 дена од мандатот. И дел од европските земји воведуваат нови антиковид мерки. Во Португалија од денеска се затворени градинките, училиштата и факултетите. Од недела за сите кои од странство пристигнуваат во Франција задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа пред патувањето. Франција исто така ги заострува и органичувањата за носење маски. И Германија размислува да ги затвори границите со соседните земји.

Путин побара а Бајден прифати да се продолжи договорот Нов Старт за уште 5 години. Договорот со кој се ограничува нуклеарниот арсенал на Русија и на САД истекува на почетокот на февруари. Американците, според Пенгатон, би биле многу побезбедни доколку договорот остане нечепнат и продолжен.

Поддржувачите на рускиот опозиционер Алексеј Навални за утре организираат антивладини протести во 65 градови. Ја обивнуваат владата за корупција и бараат ослободување на Навални. Над 4000 луѓе преку Фејсбук објавија дека ќе учествуваат на собирот во Москва. Кратко потоа јавниот обвинител нареди веб страниците и платформите на социјалните мрежи да ги ограничат повиците за поддршка на антивладините протести.

Коронавирус