недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 89
home Вести

САД: Градоначалничката на Атланта позитивна на коронавирус

САД: Градоначалничката на Атланта позитивна на коронавирус
NEW YORK, NY - SEPTEMBER 24: Mayor, Atlanta, Georgia Hon. Keisha Lance Bottoms speaks onstage during the 2018 Concordia Annual Summit - Day 1 at Grand Hyatt New York on September 24, 2018 in New York City. (Photo by Riccardo Savi/Getty Images for Concordia Summit)

Градоначалничката на Атланта, Кеиша Ленс Ботомс е позитивна на коронавирус и е во самоизолација.

-Немав никакви симптоми, но сум позитивна на коронавирусот, напиша Кеиша на својот профил на Твитер, наведувајќи дека е тестирана двапати овој месец.

Градоначалничката на Атланта е во самоизолација во нејзиниот дом и ќе биде таму во наредните две недели, пренесе Си Ен Ен.

САД се први во светот во однос на бројот на заразени и бројот на починати од коронавирус. Заразени се повеќе од три милиони, а повеќе од 130.000 Американци починале досега од оваа болест. (МИА)

Коронавирус