петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Вести

САД го развиваат најмоќното оружје

САД го развиваат најмоќното оружје

Американската војска вложува многу пари во развој на футуристичко вооружување. Станува збор за нова генерација ласерски систем посилен од актуелните, а го развива војската на САД.

Ваквите топови главно емитуваат непрекинат светлосен сноп, додека Ultrashort Pulsed Laser (UPSL) би користел кратки бранови слични на рафали.

Претставници на Пентагон веруваат дека прототипот ќе биде во погон до август, 2022 година. Во последните неколку години американската војска вложува многу пари во развојот на ласерско вооружување чија цел се непријателски дронови, ракети или минофрлачки гранати.

Кон средината на 2020 година американската морнарица го тестираше системот Laser Weapon System Demonstrator (LWSD) на отворено море. Во таа прилика, при пукање со ласерот од крузерoт USS Portland беше уништен дрон во лет, пренесе Daily Mail.

Покрај дронови и помали објекти, LWSD успешно делува и против непријателски сензори во уредите за набљудување.

Коронавирус