петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

САД го поздравија ослободувањето на суданскиот премиер

САД го поздравија ослободувањето на суданскиот премиер

Американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараше со сменетиот судански премиер Абдала Хамдок откако воените лидери кои ја презедоа власта во Судан му дозволија на премиерот да се врати дома.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека Блинкен во телефонски разговор го поздравил ослободувањето на Хамдок и „го повторил својот повик до суданските воени сили да ги ослободат сите цивилни лидери и да ја осигураат нивната безбедност“. Блинкен изрази „длабока загриженост“ за тековното воено преземање на власта во африканската земја и ја повика армијата на воздржаност во справувањето со демонстрантите.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден разгледува целосен опсег на економски алатки за да одговори на военото преземање и е во близок контакт со земјите од Заливот, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Администрацијата веќе стопира итна помош од 700 милиони долари за Судан.

Началникот на вооружените сили на Судан и водач на пуч, генерал Абдел Фатах Бурхан изјави дека војската ја презела власта на 25 октомври за да спречи „граѓанска војна“, односно дека политичките групи поттикнувале цивили против безбедносните сили. Транзицијата на Судан кон демократија започна пред две години, откако народниот бунт доведе до соборување на исламистичкиот автократ Омар ал-Башир.

Коронавирус