вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 8
home Вести

САД го повлекуваат зголемувањето на царините на кинеската стока

САД го повлекуваат зголемувањето на царините на кинеската стока

САД одлучија да го суспендираат зголемувањето на таксите за увоз на кинеска стока во вредност од 250 милијарди долари, а Кина се согласи да купи американски земјоделски производи вредни меѓу 40 и 50 милијарди долари, бидејќи двете земји постигнаа примирје во 15-месечната трговска војна.

Двете најголеми светски економии за натамошни преговори го оставија решавањето на најтешките прашања, во кои спаѓаат и американските обвинувања дека Кина врши притисок врз други држави да и ги дадат технолошките тајни во замена за пристап на кинескиот пазар.

Таксите за увоз на кинеска стока, во вредност од 250 милијарди долари, требаа да бидат зголемени утре од 25 на 30 отсто.