петок, 18. септември 2020. Вести денес: 129
home Вести

САД го повикаа СБ на ОН да поддржи продолжување на ембаргото за оружје кон Иран

САД го повикаа СБ на ОН да поддржи продолжување на ембаргото за оружје кон Иран

Постојаниот претставник на САД во ОН, Кели Крафт, го повика членките на Советот за безбедност на ОН да го поддржи проектот, американска нацрт-резолуција за продолжување на ембаргото за оружје кон Иран.

Проектот беше поднесен вчера, а изјавата за ова е објавена синоќа на сајтот на Мисијата на САД во ОН.

-Акциите на Иран разгоруваат конфликт, хаос и човечки страдања во огромни размери. Иран продолжува да биде закана по животот и средствата за живот на милиони невини мажи, жени и деца, активно поддржувајќи прокси-групи и терористички организации во такви земји како Сирија, Јемен, Либан и Ирак… Ги повикувам сите членки на СБ да ги увидат реалните последици ако се дозволи ова ембарго да биде подигнато, се вели во изјавата.

Во однос на Иран дејствува специјален режим на одобрување, дел од „атомскиот договор“ меѓу Иран и низа западни земји плус Русија. Важноста на режимото истекува годинава на 18 октомври. Доколку некоја земја сака да продаде оружје на Иран, теоретски тоа може да го стори со одбрување на СБ. Но таква продажба сигурно ќе биде блокирана.

Но веќе е извесно дека во случај таква резолуција да се поднесе на гласање, вето можат да постават постојаните членки на СБ, Кина и Русија. Европските членки на СБ ја споделуваат загриженоста на САД околу воената програма на Техеран, но притоа се плашат од конечно пропаѓање на „атомскиот договор“, кој Иран се закани да го напушти доколку се остварат американските планови. (МИА)

Коронавирус