петок, 13. декември 2019. Вести денес: 124
home Вести

САД го омекнуваат ставот за израелските населби

САД го омекнуваат ставот за израелските населби

Американскиот државен секретар Мајк Помпео планира да објави дека САД го омекнуваат ставот за изградба на израелски населби во окупираниот Западен Брег, јавија американските медиуми.

Се очекува Помпео да го отфрли правното мислење на Стејт департментот од 1978 година според кое изградбата на населби на окупираните територии не е во согласност со меѓународното право.

Нацртот на неговата изјава, во имале увид некои американски медиуми, покажува дека администрацијата на Трамп смета дека правните прашања за населбите се прашања на израелските судови.

– Тешката вистина е дека никогаш нема да има правно решение за конфликтот и оти аргументите за тоа кој е во право а кој греши, како прашање од меѓународното право, нема да донесе мир, вели Помпео во обраќање кое ќе го одржи подоцна.