петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 192
home Вести

САД ги поддржуваат аспирациите на украинските верски заедници за автокефалност

САД ги поддржуваат аспирациите на украинските верски заедници за автокефалност

Соединетите Американски Држави ја почитуваат можноста на украинските православни верски лидери и следбеници да тежнеат кон автокефалност во согласност со нивните убедувања, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се наведува и дека САД го почитуваат Севселенскиот патријарх „како глас на верска толерација и меѓуверски дијалог“.

– САД силно ја поддржуваат верската слобода, вклучувајќи ја и слободата на членови на групи да управуваат со својата религија во согласност со своите убедувања и да ја практикуваат својата вера слободно, без мешање на влади, истакна портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт.

Во соопштението стои и дека САД непоколебливо ја поддржуваат Украина и нејзиниот територијален интегритет пред, како што се наведува, „руската агресија во источна Украина и руската окупација на Крим“. (МИА)

Коронавирус