петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Вести

САД, Франција, Британија и Италија ги осудија судирите во Триполи

САД, Франција, Британија и Италија ги осудија судирите во Триполи
epa05200797 Tunisian soldiers patrol a street one day after clashes with militants near the border with Libya, in the town of Ben Gardane, Tunisia, 08 March 2016. The final estimate of the death toll from clashes between Tunisian security forces and insurgents in the southern city of Ben Gardane a day ago is 55, Tunisian Premier Habib Essid said in a press conference. A total of 36 insurgents and 12 members of the security forces were killed during the clashes in the city, which is located near the border with Libya. Seven civilians were also killed during the attack, while three civilians and 14 security personnel suffered injuries. EPA/STRINGER

САД, Франција, Британија и Италија денеска го осудија насилството што изби во либискиот главен град Триполи, и предупредија дека постои опасност оваа северноафриканска држава да потоне во уште поголема нестабилност. Најмалку 30 лица беа убиени во пресметките во либиската метропола во изминатите денови, а стотина беа ранети.

– Овие обиди да се ослабне легитимната либиска власт и да се попречат политичките процеси се неприфатливи. Ги повикуваме вооружените групи веднаш да ги запрат сите воени активности и ги предупредуваме тие што ја поткопуваат стабилноста, како во Триполи, така и во други делови на Либија, дека ги сметаме за одговорни, пишува во заедничкото соопштение на четирите држави.

Либиските власти мораа да го затворат аеродромот во Триполи откако вчера кон него беа истрелани ракети. Либискиот премиер Фајес ал Сараџ, кој е меѓународно признат, на почетокот на неделава информираше дека 7-ата бригада распоредено југоисточно од главниот град, веќе не е дел од либиските вооружени сили и е расформирана, и притоа повика засилувања во главниот град. Како одговор, офицери и припадници на расформираната бригада нападнаа делови на Триполи.

Либија е зафатена од бранови насилство од 2011 година, кога Британија, Франција и САД воено интервенираа во земјата да им помогнат на бунтовниците против водачот Моамер ел Гадафи. Гадафи беше соборен и брутално ликвидиран, но ниту една групација не успеа да формира стабилна власт во Либија, а земјата стана и една од главните бази за насочување на африканската миграција кон Европа.