петок, 25. септември 2020. Вести денес: 41
home Вести

САД: ЕУ, Мексико и Канада до 1 јуни без царини при увоз на алуминиум и челик

САД: ЕУ, Мексико и Канада до 1 јуни без царини при увоз на алуминиум и челик

САД одлучија Европската унија, Канада и Мексико до 1 јуни да бидат изземени од царините за увоз на челик и алуминиум, соопшти Белата куќа.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп одлучи да ги продолжи преговорите со Канада, Мексико и со ЕУ за 30 денови.

– Во тие преговори администрацијата останува фокусирана на квоти што ќе ограничат увоз…и ќе се зачува националната безбедност, се наведува во соопштение.

Трамп во март одлучи за воведување увозни такси од 25 отсто за челик и 10 отсто за алуминиум. ЕУ состави листа на американски производи за кои ќе воведе царини ако не биде изземена од мерките на САД.

(Миа)

Коронавирус