вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 14
home Вести

САД двојно ги зголемија инвестициите во вакцината на компанијата „Модерна“

САД двојно ги зголемија инвестициите во вакцината на компанијата „Модерна“

Американската Влада двојно ги зголеми, на речиси една милијарда долари, инвестициите за развој на потенцијалната вакцина против Ковид-19 на американската компанија „Модерна“, која влегува во последна фаза на клиничко испитување.

„Модерна“ во април доби 483 милиони долари кога изработката на вакцината била во почетна фаза, а американската Федерална агенција за фармацевтска технологија сега се обврза да издвои уште 472 милиона долари.

Компанијата во своето соопштение наведува дека планира да спроведе значително пообемно клиничко тестирање во третата фаза, отколку што било претходно предвидено.

„Модерна“ денеска почнува со тестирање на потенцијалната вакцина врз 30.000 луѓе.

Коронавирус