сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 17
home Вести

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

САД забележаа тројно зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во теко т на изминатиот месец и постојан пораст во изминатите пет недели,изјави Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Седумдневната инциденца се зголеми за 26 отсто во однос на претходната недела и изнесува 94.000 случаи дневно, истакна Валенски пред Белата куќа.

Просечниот број на хоспитализирани дневно се зголеми на 3.000, што е за 19 отсто повеќе од претходната недела.

Според неа, просечно 275 луѓе умираат дневно со Ковид-19.

– Се разбира, треба да имаме на ум дека секој човек што го загубил животот поради Ковид-19 претставува трагедија, а речиси 300 смртни случаи дневно се сè уште премногу, рече Валенски.

Освен во САД, бројот на заразени со коронавирус се зголемува во сите американски сојузни држави, соопшти Панамериканската здравствена организација (ПАХО).

Бројот на случаи во Северна и Јужна Америка се зголеми за 27,2 отсто во споредба со претходната недела, главно поради растот во САД, наведува ПАХО.

Од вкупно 918.000 заразени, повеќе од половина се од Северна Америка. (МИА)

Коронавирус