петок, 14. мај 2021. Вести денес: 15
home Вести

САД: Бремените жени и родилките добија препорака со кои вакцини да се вакцинираат

САД: Бремените жени и родилките добија препорака со кои вакцини да се вакцинираат

Американскиот колеџ на акушери и гинеколози (ACOG) соопшти дека е најдобро за бремени жени и родилките кои сакаат да се вакцинираат против Ковид тоа да го направт со вакцината Фајзер-Бионтех или Модерна, наместо со вакцината Џонсон и Џонсон.

Објавата ги следи упатствата на Центрите за контрола и превенција на болести кои препорачуваат прекин на аплицирање на вакцините Џонсон и Џонсон поради можно формирање на згрутчување на крвта, јави Си-Ен-Ен

„Во моментов, нема јасен профил на жени кои би можеле да имаат толку исклучително ретка компликација. Сепак, се додека не бидат појасни работите, важно е да се охрабруваат бремени жени и мајки кои сакаат да бидат вакцинирани да изберат mRNA вакцини – Фајзер или Модерна”, се вели во соопштението на ACOG.

Во нивното соопштение се додава дека луѓето кои биле вакцинирани со вакцина на Џонсон и Џонсон во претходните три недели треба да побараат итна медицинска помош во случај да имаат силна главоболка, болки во стомакот, болка во нозете, отежнато дишење.

Коронавирус